Колку повеќе човек води духовен живот, толку повеќе се одухотворува: тој почнува во сè да го гледа Бога, во сè пројавување на Неговите сили и моќ, секогаш и секаде се гледа себеси како пребива во Бога, и дека е од Бога во сè зависен. Но, колку повеќе човек води плотски начин на живот, толку повеќе и самиот станува исцело плотски: во ништо не го гледа Бога, ниту во најчудесните пројави на Неговата Божествена сила, туку во сè гледа плот, материја, и секаде и през целото време – „го нема Бога пред очите негови“ (Пс. 35,2).
Св. Јован Кронштадски
Мојот живот во Христа. 1,5