Значење на името
Името Гавриил произлегува од името Гаврил
Гаврил
Машко име
Оригиналната форма на името е: גַּבְרִיאֵל (Гавриел)
Името е со еврејско потекло.
Значење на името: буквалното значење е „Бог е мојот силен маж“, се толкува како: Бог е мојата сила.
Именден

Свети Архангел Гавриил се празнува на 26 март (по стар стил), т.е. 8 април (по нов стил) и на 13 јули (по стар стил), т.е. 26 јули (по нов стил).

Други светители со ова име се:
Преподобен Гаврил Лесновски (XI) се празнува на 15 јануари (по стар стил), т.е. 28 јануари (по нов стил).
Свети Гаврил Велички, Светогорец (1990) се празнува на 30 декември (по стар стил), т.е. 12 јануари (по нов стил).
Свети Гавриил, архиепископ Српски се празнува на 13 декември (по стар стил), т.е. 26 декември (по нов стил).
Преподобен Гаврил Ивирски, Светогорец (X) се празнува на 12 јули (по стар стил), т.е. 25 јули (по нов стил) и на 13 мај (по стар стил), т.е. 26 мај (по нов стил).
- • Маченик Гавриил и други со него (околу 817) се празнува на 22 јануари (по стар стил), т.е. 4 февруари (по нов стил).
- • Преподобен Гавриил, игумен Јерусалимски се празнува на 26 јануари (по стар стил), т.е. 8 февруари (по нов стил).
- • Новомаченик Гавриил Константинополски се празнува на 2 февруари (по стар стил), т.е. 15 февруари (по нов стил).
- • Благоверен кнез Всеволод, во крштението Гавриил, Псковски (1138) се празнува на 11 февруари (по стар стил), т.е. 24 февруари (по нов стил).
- • Маченик Гавриил Слуцки (1690) се празнува на 20 април (по стар стил), т.е. 3 мај (по нов стил).
- • Пренос на моштите на блажен Игор-Георгиј, во монаштво Гавриил, кнез Черниговски и Киевски (1150) се празнува на 5 јуни (по стар стил), т.е. 18 јуни (по нов стил).
- • Маченик Гавриил (1690) се празнува на 11 јуни (по стар стил), т.е. 24 јуни (по нов стил).
- • Новомаченик Гавриил, Египетски (1522) се празнува на 18 октомври (по стар стил), т.е. 31 октомври (по нов стил).
- • Новосвештеномаченик Гавриил, епископ Ганоски се празнува на 3 декември (по стар стил), т.е. 16 декември (по нов стил).