Православен календар

Што е именден и зошто го славиме?

Името на човекот е она по што другите го препознаваат и го паметат. Затоа никој не им дава на своите деца имиња немарно или по случајност. Истото е и кога човек самиот за себе одредува име. Секогаш постои грижата името не само да биде убаво, туку и да има добро значење. Тука веќе до израз доаѓаат внатрешните убедувања и принципи од кои се раководи оној што го дава името.

Така, христијаните уште од првите векови на христијанството почнуваат да го развиваат обичајот да даваат христијански имиња, односно имиња на некои христијански светители, или имиња поврзани со самиот Господ. За оваа традиција имаме сведоштво од светиот Јован Златоуст, од IV век.

Давањето на христијанско име подразбира дека оној што ќе го носи името, ќе го има како пример како треба да постапува – животот на светителот чие име го носи. Тоа значи да ги изучи житието на тој светител и пофалните песни од богослужбата која му е нему посветена и ќе се труди од нив да извлече поука и вдахновение за тоа како треба да се однесува и да постапува. На тој начин ќе ја задобие небесната заштита на светителот, неговата помош во животот, и неговото застапништво пред Бога.

Што е тоа именден?

Именден е ден кога се празнува светителот, или настанот од Домостројот Божји, со кого е поврзано нашето име. Оние кои го носат името Никола го прославуваат денот на светиот Николај Мирликиски (6 декември по стар стил, односно 19 декември по нов календар), оние кои го носат името Петар ќе го прославуваат споменот на светиот Апостол Петар (29 јуни односно 12 јули по нов календар), тој што го носи името Спасе ќе празнува на Спасовден (Вознесение Христово), Душка ќе го празнува Духовден (Слегувањето на Светиот Дух на Апостолите – Педесетница) и сл.

Постои добар обичај, кој порано бил повеќе застапен одошто е сега, да се дава име на детето според светителот кој се празнува на денот кога се родило детето, или, пак, на најблискиот поголем празник. Оние кои така го добиле своето име, празнувајќи го својот именден, го прославуваат и својот роденден.

Како се празнува именденот?

Сите овие празници се христијански и треба да се прославуваат на христијански начин – така што акцентот нема да биде ставен на храната, забавата и музиката, туку на духовната димензија на празникот. Главната прослава на празникот е служењето на Светата Литургија во црквите. Затоа е добро оној што го празнува својот именден, достојно да се подготви за празникот и да земе учество во Литургијата, и по можност – да се причести.

Дополнително, доколку именденот е име на светител, а не на настан од Домостројот Божји, добро е на тој ден во црква да се донесе коливо (варена пченица) врз која свештеникот на крајот на Литургијата ќе прочита посебна молитва за здравје и небесна заштита од светителот што се празнува, за оние кои го подготвиле коливото.

Кои имиња се христијански?

Христијански имиња се оние кои се поврзани со Христа и Божјиот Домострој на спасението (Ристо, Спасе, Крсте и сл.) или со Богородица (Марија, Благица, Благоја и др.), или имињата на светителите од православниот календар (Никола, Димитар, Петар, Јован итн.).

Во календарот има многу и разни имиња на светителите. Најчесто тие се со еврејско потекло (Мојсеј, Давид, Аврам, Сара, Сузана итн.), грчко потекло (Теодор, Стефан, Ирина, Софија итн.) или латинско потекло (Виктор, Максим, Марко, Марина и сл.). Забележуваме дека помеѓу имињата со грчко и латинско потекло постојат имиња кои изворно немале христијанско значење, но бидејќи тоа име го носеле луѓе кои станале светители, било осветено и самото име, и тоа веќе не се поврзува со неговото првично и нехристијанско потекло, туку со христијанскиот светител кој го прославил тоа име.

Од истата причина, во календарот наоѓаме и словенски имиња, кои нашите предци ги користеле уште пред да го примат христијанството и кои првично немале христијанско значење, но денес имаат. Пример за такви имиња се: Владимир, Милутин, Бојан итн.

Останати имиња

Освен христијанските имиња, денес во нашиот народ се среќаваат и многу имиња кои немаат христијанско потекло и тоа Црквата не го забранува. Најчесто овие имиња се словенски (Горан, Зоран, Бисера, Љубица, Јагода итн.), но има и странски кои влегле во употреба преку различните културни влијанија.

Голем дел од словенските имиња кои денес ги користиме имаат значење кое се поклопува со значењето на христијанските имиња од несловенско потекло. Дел од ваквите имиња веќе се користат како словенски преводи во православниот календар, такви се маченичките Вера, Надеж (Нада) и Љубов (Љубица). Имињата на маченичките биле грчки: Писти, Елпида и Агапи, но во народот веќе е одомаќинета употребата на преводот на словенски и таа е влезена и во црковниот календар.

Но, повеќето од имињата во календарот не се преведени, туку се оставени во оригиналната форма, иако нивното значење е исто со значењето на некои словенски имиња. На пример Фотина го има значењето на Светлана, Теодор е Божидар, Ирина е Мирка итн.

Тоа значи дека и оние кои имаат имиња што не се наоѓаат во календарот, можат да го определат својот именден поврзувајќи го своето име со името на православниот светител преку значењето на името.



Дознајте го значењето на Вашето име и кога Ви е именден: кликнете тука.

Сподели на твитер
днсМарт 2024
П117
С218
Н319
П420
В521
С622
Ч723
П824
С925
Н1026
П1127
В1228
С1329
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Март
19
Март
нов
стил
Вто., Велик Пост. Строг пост.
Мч-ци 42 во Амореја (845); Преп. Аркадиј Кипарски (361)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не вели дека само верата во нашиот Господ Исус Христос може да те спаси, бидејќи тоа е невозможно ако при тоа не се здобиеш и со љубов кон Него, засведочена со дела. Што се однесува до голата вера: и „бесовите веруваат и треперат“ (Јк. 2,19). Делото на љубовта се состои во усрдното правење на добро на ближниот, во великодушноста, трпението и благоразумното користење на работите.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 1.39-40

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк