Православен календар

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички

30 декември (по стар стил)

Родум од Штип. Вo 1963 година замина на Света Гора. Беше замонашен во манастирот „Свети Павле“. Сето време додека престојуваше на Света Гора избегнуваше контакти со луѓе. Меѓутоа, неговиот престој таму не траеше долго; мораше да се врати во својата родна земја и се насели во Лесновскиот манастир. Никогаш не му даваше одмор на своето тело – речиси никогаш не спиеше, а и кога спиеше, секогаш лежеше на земја или на тврда рогозина. Иако многу строго постеше и беше многу слаб, поседуваше голема виталност и енергија. Редовно ги служеше сите богослужби во манастирот и непрестајно се трудеше во подвигот на умно-срдечната молитва. Тишината и самотијата беа негови постојани сотрудници, затоа и често ги користеше двете ближни пештери. Од Бог доби дар на прозорливост и чудотворство. Во 1989 година беше ракоположен за Епископ со титула Велички. Иако отсекогаш копнееше и прибегнуваше кон тихување, сепак, од послушание го прифати епископскиот чин. Си ја предвиде својата смрт и самиот си отслужи четириесет заупокоени Литургии. На 12 јануари 1990 година, со Евангелието, кое постојано го читаше, и со крстот на гради, а во раката – бројаница, мирно Му ја предаде својата душа на Бога. Беше погребан зад олтарниот дел манастирот, покрај својот телесен татко и духовен син, монах Кирил.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Април
29
Април
нов
стил
Пон., Страстна седм. Строг пост.
Велик Понеделник
на Јосиф прекрасниот
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некои под името слобода сакаат да ја разберат способноста и незабранувањето да прават сè што сакаат... Луѓето коишто повеќе се препуштиле на робувањето на гревовите, страстите и пороците, почесто од останатите се покажуваат ревнители за надворешната слобода, колку што е можно поширока пред законите. Таквите луѓе надворешната слобода ја користат само за уште повеќе да се нурнат во внатрешното ропство. Вистинската слобода е дејствителна способност на човекот кој не е заробен од гревот и не е под товарот на грижата на совеста, да го избира она што е подобро, при светлината на Божјата вистина, и да го спроведе во дело со помош на благодатната Божја сила. Тоа е слободата која не е ограничена ниту од небото ниту од земјата.

Св. Филарет Московски
Слово на роденденот од императорот Николај I, 1851 год.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк