Православен календар

Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски

13 декември (по стар стил)

Во страшното време на турското владеење овој голем јерарх отиде на Московскиот Собор во 1655 година. Кога се врати го обвинија за велепредавство. Притоа неколкумина зли Евреи покренаа против него обвинение затоа што беше превел неколку Евреи во Христовата вера. Во обвинението Евреите наведоа дека тој работи на покрстувањето на Турците, а рекоа така за со тоа да ги нахушкаат против него турските власти. Судот му пресуди да ја прими мухамеданската вера. Бидејќи не сакаше, по извесно време поминато во затвор го осудија на смрт и го обесија во Бруса, во 1659 година. Овој Свет Гаврил од својот возљубен Христос беше даруван со два венци, на јерарх и на маченик.

Сподели на твитер
днсСептември 2024
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Август
8
Септември
нов
стил
Недела. Не се пости.
Мч-ци Адријан и Наталија и други 23 со нив (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во сè што ќе сретнеш во Писанијата барај ја целта на кажаното за да проникнеш во длабочината на мислите на светиите и со поголема точност да ги разбереш... Кон читање на Светото Писмо не пристапувај без молитва и без да испросиш помош од Бога... Молитвата сметај ја за клуч кон вистинското разбирање на она што е кажано во Божествените Писанија.

Преп. Исаак Сирин
Поуки, 1, 85

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк