Православен календар

Праотец Венијамин

неделата пред Рождеството Христово

Најмладиот син на старозаветниот патријарх Јаков, од неговата жена Рахила. Родоначалник на истоименото еврејско колено. Неговата мајка Рахила умрела веднаш по раѓањето. Тоа се случило близу до Витлеем, на патот на Јакова од Месопотамија во Ханаанската земја. Во претсмртните породилни маки таа го нарекла Бенон – син на мојата скрб, но неговиот татко го сменил името во Венијамин – син на мојата десница, или син на среќата. Откако Јаков го загубил Јосифа, негов омилен син станал Венијамин, што одиграло посебна улога во времето на двете патешествија на останатите синови Јаковови во Египет. Како најмлад од сите, Венијамин бил опкружен со љубовта на браќата. Во Мојсеевиот благослов, Венијамин е наречен „возљубен од Господа“, а во благословот на Јакова - „волк грабливец“, што веројатно укажува на неговата храброст и на способноста во воените дела, а исто така пророчки укажува на воинствениот карактер на неговите потомци.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Април
8
Мај
нов
стил
Сре., Светла седм. Не се пости.
+Апостол и евангелист Марко (63)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога започнуваш да го читаш или да го слушаш Светото Писмо помоли Му се на Бога вака: „Господе Исусе Христе отвори ги ушите и очите на моето срце за да ги чујам Твоите зборови и да ги разберам, и да ја исполнам волјата Твоја.“ Секогаш така моли Му се на Бога за да го просветли твојот ум и да ти ја открие силата на Своите зборови. Многумина кои се надевале на својот разум паднале во заблуда.

Преп. Ефрем Сирин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк