Значење на името
Венијамин
Машко име
Оригиналната форма на името е: בִּןְיָמִין (Бинијамин)
Името е со еврејско потекло.
Значење на името: „син на среќата“ или „син на десната рака“, од зборовите בֵּן (бен) што значи син и יָמִין (јамин) што значи десна рака или југ.
Именден
Праотец Венијамин се празнува во неделата пред Рождеството Христово
Други светители со ова име се:
- Маченик Венијамин ѓакон Персиски (421-424) се празнува на 13 октомври (по стар стил), т.е. 26 октомври (по нов стил).
- Свештеномаченици Авда, епископ Персиски, и Венијамин ѓакон (418-424) се празнува на 31 март (по стар стил), т.е. 13 април (по нов стил).
- Преподобни отци пострадани во Раифа Синајска: Венијамин и други (IV-V) се празнува на 14 јануари (по стар стил), т.е. 27 јануари (по нов стил).
- • Новомаченик јеромонах Венијамин (1938) се празнува на 18 февруари (по стар стил), т.е. 2 март (по нов стил).
- • Маченици Венијамин и Вериј, Константинополски се празнува на 29 јули (по стар стил), т.е. 11 август (по нов стил).
- • Свештеномаченик Венијамин, митрополит Петроградски (1922) се празнува на 31 јули (по стар стил), т.е. 13 август (по нов стил) и на 13 август (по стар стил), т.е. 26 август (по нов стил).
- • Преподобен Венијамин Печерски (XIV) се празнува на 13 октомври (по стар стил), т.е. 26 октомври (по нов стил).
- • Преподобен Венијамин, монах, Нитриски се празнува на 29 декември (по стар стил), т.е. 11 јануари (по нов стил).