Православен календар

Преподобен Гаврил Лесновски

15 јануари (по стар стил)

Свети Гаврил Лесновски живееше во XI век. Се роди во местото Осиче, крај Крива Паланка. Потекнуваше од семејство на богати и благородни родители кои долго време беа бездетни, та синот им се јави како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи. Детето доби добро образование, и со Божја помош ги изучи „сите писанија“, и тоа на многу јазици, а Евангелието не го испушташе од рацете. Кога порасна, родителите му најдоа девојка од добар род, за да се ожени со неа. Тој тоа не го сакаше и Му се молеше на Бога да го запази девството. Девојката умре пред да се земат, а Гаврил наследувајќи од родителите големо богатство, се замонаши. Основа манастир на Лесновската планина, близу до Кратово, а црквата ја посвети на светиот Архангел Михаил. Собра монаси, постави игумен и таму го остави сиот свој имот. Тој самиот се оддалечи во планината во отшелнички живот. Се подвизуваше со сеноќни бденија и деноноќни молитви и претрпе многу искушенија од демоните. Бог, во одговор на неговата вера, љубов и подвиг, уште во текот на животот го удостои со дар на чудотворење. На тоа место поживеа 30 години, а потоа се врати во манастирот каде што и почина, на 15 јануари. 30 години по неговото упокојување, му се јави на сон на еден руски монах по име Јосиф, кој се подвизуваше во Софија, па тој заедно со софискиот митрополит отидоа во Лесновскиот Манастир и ги најдоа моштите на светителот, та ги поставија за целивање во црквата. Од моштите постојано се источуваа разни чуда и многу луѓе добија исцеление. Кога Балканот беше нападнат од Турците, бугарскиот патријарх, за да ги заштити од уништување, ги пренесе моштите во столицата на тогашното царство, во Трново, каде што останаа до 1393 година, кога Трново паѓа под турска власт, и потоа им се губат трагите.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
23
стар
стил
Април
6
Мај
нов
стил
Пон., Светла седм. Не се пости.
Светол Понеделник
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Нема човек кој што нема да скрби во времето на обуката; и нема човек кому нема да му се чини тешко времето во кое ќе го пие отровот на искушението. Без нив невозможно е да се придобие силна волја... Многукратно чувствувајќи ја Божјата помош во искушенијата, човекот се здобива и со тврда вера.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 37

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк