Православен календар

Преподобен Павле Тивејски

15 јануари (по стар стил)

Роден од богати родители во Долна Тива (Теба) Египетска, во времето на царот Декиј. Сиот имот на родителите Павле го наследи, заедно со неговата сестра. Неговиот зет идолопоклоник посака да го приграби и Павловиот дел од имотот и му се закани на Павла дека ќе го даде на суд како христијанин ако не му го отстапи својот имот. Од една страна оваа неволја, од друга самопожртвуваниот пример на христијанските маченици што ги виде со своите очи, го поттикнаа Павле да го отстапи својот дел од имотот и како ништ да се оддалечи во пустината. Таму се подвизуваше до смртта. До каква духовна височина достигна овој возвишен монах сведочи самиот свети Антониј Велики, којшто еднаш го посети Павла и виде како му служат ѕверовите и птиците небесни. Кога се врати од таа посета, Антониј им рече на своите монаси: „Тешко мене, деца мои, кој сум грешен и лажен монах, монах само по име. Го видов Илија, го видов Јован во пустината и навистина го видов Павле - во Рајот!“ Свети Павле живееше сто и тринаесет години и мирно се упокои во Господа во 342 година.

Сподели на твитер
днсФевруари 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Февруари
15
Февруари
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Сретение на Господа
Иисуса Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако сакаш Господ да ги покрие твоите гревови, тогаш не им ја покажувај на луѓето добродетелта која што ја имаш. Бидејќи како што постапуваме во однос на нашите добродетели, така Бог прави со нашите гревови.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2.135

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк