Искрената вера значи одрекување на својот ум. Треба умот да се соголи и да биде како чиста даска пред верата, за таа да се оцрта себеси на неа каква што е, без никакви примеси на туѓи мисли и правила. Кога во умот остануваат сопствените правила, тогаш, откако ќе се оцртаат на неа правилата на верата, ќе се добие смеса на правила: сознанието ќе биде збунето среќавајќи противречности помеѓу дејствата на верата и мудрувањата на умот. Такви се сите кои што со своите мудрувања стапуваат во областа на верата... Тие не ја разбираат верата и ништо од нив не излегува, освен штета.
Св. Теофан Затворник
Мисли за секој ден во годината, 11.04