Православен календар

Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

20 септември (по стар стил)

Голем римски војсководец од времето на царевите Тит и Трајан. Иако незнабожец, Плакида (тоа е неговото незнабожечко име) беше човек праведен и милостив, сличен на капетанот Корнилиј, кого го крсти апостолот Петар (Дела 10). Еднаш, одејќи во лов, тој подгони еден елен. По Божја Промисла, меѓу роговите на еленот се јави светол крст и дојде глас Господов до Плакида што го упати да отиде кај христинјанскиот свештеник и да се крсти. Се крсти Плакида и неговата жена и нивните два синa. На Крштението тој го доби името Евстатиј, жена му - Теопистија, што значи боговерна, а нивните синови - Агапиј и Теопист. По Крштението, Евстатиј отиде на истото она место каде преку еленот му се беше јавило откровението и клекна да Му се заблагодари на Бога што го приведе кон познанието на Вистината. Во тој миг повторно му се јави глас Господов и му претскажа страдање за Неговото име и го укрепи. Тогаш Евстатиј тајно го напушти Рим заедно со своето семејство со намера да се повлече меѓу простиот народ и оттаму во тајност да Му послужи на Бога. Кога пристигна во Египет, веднаш навалија на него искушенија. Некој зол варварин му ја грабна жената, а обата сина му ги фатија ѕверовите и ги однесоа. Но, набрзо варваринот загина, а овчари му ги спасија децата од ѕверовите. Евстатиј се насели во египетското село Вадисис и како селски наемник поживеа таму петнаесет години. Потоа нападнаа на римското царство варварите и цар Трајан жалеше што го нема храбриот војвода Плакида, којшто секогаш кога војуваше му носеше победа. И испрати царот двајца од своите офицери да го бараат големиот војвода низ целото царство. По Божја Промисла, тие офицери, некогашни другари на Евстатиј, дојдоа во селото Вадисис, го најдоа Евстатиј и го одведоа пред царот. Евстатиј собра војска и ги победи варварите. На патот назад кон Рим ја пронајде жена си и двајцата синови. Кога стигна во Рим, царот Трајан беше умрел, а на престолот беше Адријан. Кога царот Адријан го повика војводата Евстатиј за заедно да им принесат жртви на идолите, Евстатиј му кажа дека тој е христијанин. Царот го фрли на маки заедно со жената и со синовите. Но, бидејќи ѕверовите не им наштетија нималку, ги фрлија во усвитен метален вол. Третиот ден ги извадија нивните тела мртви, но неповредени. Така, овој славен војвода го даде и царевото на царот и Божјото на Бога и се пресели во вечното царство на Господа.

Сподели на твитер
днсДекември 2023
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
27
стар
стил
Ноември
10
Декември
нов
стил
Нед., Божикен пост. Риба.
Вмч. Јаков Персиец (421)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некој монах запрашал некого од старците: „зошто мојата мисла постојано тежнее кон тоа да направи блуд и не ми дава мир ниту за миг, па мојата душа се вознемирува?“ Старецот му одговорил: „ако демоните ти предлагаат грешни мисли, ти не им се предавај; на демоните им е својствено постојано да соблазнуваат. И иако тие никогаш не престануваат да советуваат, сепак не можат да те натераат да згрешиш, од твојата волја зависи дали ќе ги послушаш, или не...“ Братот му возвратил на старецот: „што да правам? Јас сум слаб и чувствувам дека таа грешна страст ме победува.“ Старецот одговорил: „Внимавај на тие мисли, и кога ќе почнат во тебе да зборуваат, не им одговарај, туку моли Му се на Бога: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“

Древен старечник, 5.35

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк