Значење на името
Стојан
Машко име
Името е со словенско потекло.
Значење на името: да стои, да биде жив. Соодветствува на грчкото име Евстатиј.
Во некои краишта постои обичај за именден да се слави свети Архангел Михаил, со кого се поврзува бидејќи тој го запрел падот на Небесните Сили со својот повик „Вонмем, да стоиме добро“.
Именден

Свети Евстатиј, архиепископ Антиохиски (337) се празнува на 21 февруари (по стар стил), т.е. 6 март (по нов стил).

Други светители со ова име се:
Архистратиг Михаил се празнува на 8 ноември (по стар стил), т.е. 21 ноември (по нов стил).
Великомаченик Евстатиј Плакида (околу 118) се празнува на 20 септември (по стар стил), т.е. 3 октомври (по нов стил).
- • Свети Евстатиј I, архиепископ Српски (околу 1285) се празнува на 4 јануари (по стар стил), т.е. 17 јануари (по нов стил) и на 30 август (по стар стил), т.е. 12 септември (по нов стил).
- • Свештеномаченик Евстатиј Соколски и други (1938) (Русија) се празнува на 4 февруари (по стар стил), т.е. 17 февруари (по нов стил).
- • Свети Евстатиј исповедник, епископ Витиниски (IX) се празнува на 29 март (по стар стил), т.е. 11 април (по нов стил).
- • Маченик Евстатиј Литовски (1347) се празнува на 14 април (по стар стил), т.е. 27 април (по нов стил).
- • Маченици Јулијан Далматски (II), Евстатиј воин (околу 316) и Акакиј (околу 321) се празнува на 28 јули (по стар стил), т.е. 10 август (по нов стил).
- • Маченик Евстатиј Мцхетски (589) (Грузија) се празнува на 29 јули (по стар стил), т.е. 11 август (по нов стил).
- • Маченици Евстатиј, Теспесиј и Анатолиј (312) се празнува на 20 ноември (по стар стил), т.е. 3 декември (по нов стил).