Православен календар

Преподобни Јован и Гавриил Грузиски, Светогорци

12 јули (по стар стил)

Светиот Јован беше татко на преподобниот Ефтимиј Нов, Атонски. Беше прочуен велможа и роднина на грузискиот цар. Го остави светот и се оддалечи во еден од Имертинските манастири каде што прими схима. По некое време, премина на планината Олимп, и таму се подвизуваше. Се прослави со основање на Ивирскиот манастир на Света Гора, каде што стана игумен. Мирно се упокои во Господа во 1005 година. По неговата смрт, настојател стана преподобниот Ефтимиј, неговиот син. Преподобниот Гаврил беше родум од Грузија. Се подвизуваше во пределите на манастирот Ивирон на Света Гора. Заради својот возвишен живот, се удостои со видение, во кое Пресвета Богородица му заповеда да ги извести игуменот на манастирот, и монасите, дека таа сака да им ја даде својата икона за помош и застапништво. По нејзина заповед, старецот Гаврил беше должен со вера да зачекори по морските бранови и да ја земе иконата која самата дојде по морето. Преподобниот ги извести отците за чудесното видение. Настојатело и браќата излегоа на брегот, со молебни пеења, со свеќи и кадилници. Светиот старец ја исполни заповедта на Богомајката и без страв зачекори по водата, како по суво. Со благоволение ја зеде светата икона Богородична и ја донесе до брегот. Таа икона почна да се именува, според манастирот, Ивирска.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Зарем Човекољубивиот Господ затоа ти дал многу, за ти да го употребиш само во своја полза? Не, туку за од твојот вишок да се надополни недостигот на другите.

Св. Јован Златоуст
Беседи на книгата Битие, 20

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк