Православен календар

Светата великомаченичка Ефимија

16 септември (по стар стил)

Родум од Халкидон. Татко ѝ беше сенаторот Филофрон, а мајка - Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани за да го одбегнат тоа скверно жртвопринесување се сокрија. Меѓутоа, ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не ѝ се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да ѝ се покориме, ако не Му се противи на небесниот Бог; ако пак се противи на небесниот Бог, не само што не треба да ѝ се покоруваме туку треба и да ѝ се противиме.“ Тогаш Приск ги стави на разни маки, и тоа деветнаесет дена по ред, секојдневно. Дваесеттиот ден ја одвои од останатите Ефимија и почна да ѝ ласка за нејзината убавина за да ја придобие за идолопоклонството. А, бидејќи сите ласкања пропаднаа залудно, заповеда да ја мачат девицата. Ја мачеа прво на тркало, но ангел Божји ѝ се јави и го искрши тркалото. Потоа, ја фрлија во огнена печка, но со Божја сила беше сочувана. Кога го видоа тоа, двајцата војници Виктор и Состен поверуваа во Христа, заради што беа фрлени пред ѕверовите и така славно го завршија својот живот. Потоа, Ефимија беше фрлена во ров исполнет со вода и со секаква отровна нечистотија, но таа ја прекрсти водата кога влезе во ровот и остана неповредена. Најпосле, ја изведоа пред дивите ѕверови, таа со благодарност Му се помоли на Бога и го предаде својот дух. Нејзините родители чесно го погребаа телото. Пострада во 304 година и се пресели во вечната радост. Се споменува и на 24 јули.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Септември
14
Септември
нов
стил
Понеделник. Почеток на индиктот. Не се пости.
+Преп. Симеон Столпник (459) и неговата мајка Марта (428)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Само верата во тоа дека не се сведува сè на нашето земно постоење тука, ни дава сили да не се закачуваме за нашиот малкузначаен живот и поради неговото зачувување да се впуштиме во секаква подлост, нискост и унижување... Дејствително слободен може да биде само човек кој длабоко и искрено верува. Зависноста од Господа Бога е единствената зависност којашто не го унижува човекот и не го претвора во беден роб, туку напротив - го возвишува.

мч. Александар Медем
Писмо кон синот, 1922 год.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк