Православен календар

Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение

13 септември (по стар стил)

Кога светата царица Елена го најде Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржа подолго во овој Свет град и изгради цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронајде Чесниот Крст, започна да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓаше и самата Голгота каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го погребаа. Светата царица сакаше под едно место да ги соедини местото на Неговото страдање и местото на Неговата слава. Меѓутоа, Елена се престави пред Господа пред да биде завршен овој величествен храм. Кога го завршија храмот, токму таа година Константин ја празнуваше триесетгодишнината од своето царување. И така и осветувањето на храмот и прославувањето на царскиот јубилеј беа прогласени за истиот ден, 13 септември 335 година. Во тоа време во Тир заседаваше помесниот собор на епископите. И овие епископи, како и мнозина други, дојдоа во Ерусалим на торжественото осветување на храмот на Воскресението Господово. И тогаш се востанови тој ден, како ден на победа и триумф на Христовата Црква, да се споменува празнично секоја година.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
24
стар
стил
Август
6
Септември
нов
стил
Недела. Не се пости.
Свмч. Евтихиј, ученик на ап. Јован Богослов (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Внатре ние имаме длабоко вкоренети слабости, страсти и недостатоци. Сето тоа не се исправа со едно реско движење, туку со трпение и со упорност, напор и внимание. Патот што води до совршенство е долг. Молете се на Бога да ве укрепи. Трпеливо примајте ги вашите паѓања, веднаш станувајќи трчајте кон Бога, не застанувајте на тоа место каде што сте паднале. Не очајувајте ако постојано паѓате во старите гревови. Многу од нив се силни поради навиката, но сепак по некое време и заради усрдноста биваат победени. Ништо нека не ве лишува од надежта

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк