Православен календар

Преподобна Теодора

11 септември (по стар стил)

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот, таа седум години помина пребивајќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и детето на онаа блудница. Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше да му се поклони на сатаната, не сакаше да прими јадење од рацете на еден војник, не сакаше да ги слуша советите на мажот ѝ да му се врати - затоа што сето тоа беше само ѓаволски привид и штом Теодора ќе се прекрстеше со крстот, сето тоа исчезнуваше како чад. По седум години, игуменот ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои во Господа. Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се јави Ангел и сè му објасни. Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена. Света Теодора имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕверови, исцелуваше болести, изведе вода во сув бунар. Така ја прослави Бог вистинската покајничка којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се упокои во 490. година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако имаш грешна навика да ги осудуваш луѓето, тогаш, кога ќе осудиш некого направи во тој ден три земни поклони со оваа молитва: „Спаси го Господе и помилуј тој и тој (оној кого што си го осудил) и по неговите молитви помилуј ме грешниот.“ Така прави секој пат кога некого ќе осудиш. Ако го исполниш тоа, Господ ќе го види твојот напор и засекогаш ќе те избави од таа гревовна навика. А ако не осудуваш никого, тогаш Бог никогаш нема да те осуди и така ќе се спасиш.

Св. Свешт-испов. Сергиј Правдољубов

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк