Православен календар

Светиот пророк Захарија

5 септември (по стар стил)

Татко на светиот Јован Претеча. Беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот јерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод детеубиецот, еден ден кога Захарија служеше според својата чреда во јерусалимскиот храм, во олтарот му се јави Ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А Ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лк. 1). И му објави Ангелот дека неговата жена Елисавета ќе роди син, според нивните молитви. А беа обајцата стари, и Захарија и Елисавета. Кога Захарија се посомнева во зборовите на небесниот известител, Ангелот му рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога.“ И онеме Захарија од тој миг, и не проговори додека не му се роди синот и додека не напиша на табличка: „Јован му е името.“ Тогаш му се отвори устата и Го величаше Бога. Подоцна, кога се роди Господ Исус и кога Ирод почна да ги убива децата во Витлеем, Ирод испрати да го најдат и синот на Захарија и да го убијат. Бидејќи Ирод имаше чуено за сè што му се случи на Захарија и како се роди Јован. Кога ги виде војниците, Елисавета го зеде Јован на раце - тогаш имаше една и пол година - и побегна со него од дома, и бегаше по каменливи и пусти места. Гледајќи ги војниците како ја гонат, таа повика кон гората: „Горо Божја, прими ја мајката со дете!“ И се отвори карпата и ги скри во себе мајката и детето. Ирод, разјарен затоа што не го заклаа Јован, нареди да го заколат Захарија пред олтарот. Крвта на Захарија се истури врз мермерот и се стврдна како камен, та остана така како сведоштво за злосторството на Ирод. А таму каде што се скри Елисавета со Јован, се отвори пештера и потече вода и со Божја сила израсна плодородна палма. Четириесет дена по смртта на Захарија се упокои и блажената Елисавета. И остана младенецот Јован во пустината, хранет од Ангел и чуван од Божјата Промисла до оној ден кога требаше да се јави на Јордан.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Април
3
Мај
нов
стил
Пет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Петок
на Светите Христови Страдања
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Браќа и сестри! Семилостивиот Бог сака сите да бидеме среќни, и во овој живот и во идниот. Поради тоа Он ја основал Својата света Црква, за да нè очистува од гревовите, да нè осветува, да нè помирува со Него и да ни подари небесен благослов. Во Црквата секогаш се отворени прегратките за сите. Да поитаме кон нив и сите ние на кои совеста ни тежи. Да поитаме и Црквата ќе го подигне нашиот товар, ќе ни подари слобода пред Бога, ќе го наполни нашето срце со среќа и блаженство.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк