Православен календар

Маченичка Пандора

1 септември (по стар стил)

Светите 40 деви кои беа просветлени во Христовата вера од ѓаконот Амун, пострадаа, заедно со својот учител, за Христа, во времето на римскиот император Ликиниј, во македонскиот град Адријанопол (Одрин). Управникот Вавдо ги подложи на многу маки за да ги принуди да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите. После жестоко измачување тие сите беа пратени во Ираклија, кај друг мачител, пред кого што исто така цврсто ја исповедаа својата вера во Христа, и одбија да им принесат жртва на идолите. По заповед на управникот светиот Амун и уште осум девици беа обезглавени, десет други беа запалени живи, шест умреа откако во уста им беше сипано растопено железо, шест беа заклани со нож, а останатите убиени со меч. Нивните имиња се: Адаманти, Калирои, Хариклеја, Пенелопа, Клио, Талија, Маријанти, Евтерпи, Терпсихори, Уранија, Клеоника, Сапфо, Ерато, Полимнија, Додона, Атина, Троада, Клеопатра, Коралија, Калиста, Теоноја, Теано, Аспасија, Полиники, Диона, Теофанија, Еразмија, Ерминија, Афродита, Маргарита, Антигона, Пандора, Хајдо, Ламбро, Мосхо, Аривија, Теонимфи, Акриви, Мелпомени и Елпиника.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Април
1
Мај
нов
стил
Сре., Страстна седм. Строг пост.
Велика Среда
на помазувањето на Христа со скапоцено миро
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој ја познал љубовта Божја, тој го љуби целиот свет и никогаш не ропта за својата судбина, бидејќи привремената жалост заради Бога носи вечна радост.

Преп. Силуан Атонски
Списи, I. 27

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк