Православен календар

Свети Генадиј, патријарх Цариградски

31 август (по стар стил)

За патријарх дојде после Свети Анатолиј. Современик на светите Маркијан (10 јануари) и на Данило Столпник (11 декември). Во негово време е основан славниот манастир наречен Студитски, според римскиот сенатор Студиј. Сенаторот Студиј со благослов на Генадиј дојде во Цариград, му подигна црква на свети Јован Претеча и подигна манастир при црквата. Беше многу кроток и воздржлив. Не ракоположи за свештеник никого којшто не би го знаел наизуст целиот Псалтир. Претседаваше со помесниот собор во Цариград, на кој е анатемисана симонијата во Црквата. Правеше чуда и во видение дозна за својата смрт. Со Црквата управуваше тринаесет години. Се престави кај Господа мирно, во 471 година.

Сподели на твитер
днсМарт 2025
С116
Н217
П318
В419
С520
Ч621
П722
С823
Н924
П1025
В1126
С1227
Ч1328
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Март
26
Март
нов
стил
Сре., Велик Пост. Строг пост.
Пренос на моштите на св. Никифор, патр. Константинополски (846)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Колку повеќе човек води духовен живот, толку повеќе се одухотворува: тој почнува во сè да го гледа Бога, во сè пројавување на Неговите сили и моќ, секогаш и секаде се гледа себеси како пребива во Бога, и дека е од Бога во сè зависен. Но, колку повеќе човек води плотски начин на живот, толку повеќе и самиот станува исцело плотски: во ништо не го гледа Бога, ниту во најчудесните пројави на Неговата Божествена сила, туку во сè гледа плот, материја, и секаде и през целото време – „го нема Бога пред очите негови“ (Пс. 35,2).

Св. Јован Кронштадски
Мојот живот во Христа. 1,5

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк