Православен календар

Преподобен Сава Псковски и Крипецки

28 август (по стар стил)

По потекло Србин. Се подвизуваше најпрво во Псковскиот манастир на Пресвета Богородица, каде што беше игумен. Меѓутоа, бидејќи го славеа, тој бегаше од човечка слава. Се оддалечи на брегот на езерото Крипец и таму основа обител во име на свети Јован Богослов. Сепак ниту таму не можеше да се скрие од славата и прочуеноста. Го посети и псковскиот кнез Јарослав со жена си. Сава не ѝ дозволи на жената да влезе во манастирот, но ја благослови и Му се помоли на Бога за неа надвор од манастирот, при што ја исцели од некоја болест. Овој Божји светител се упокои во 1495 година. Неговите мошти тогаш беа и сега се чудотворни.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Април
3
Мај
нов
стил
Пет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Петок
на Светите Христови Страдања
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Искушенијата се испраќаат за да се појават скриените страсти, па да биде можно со нив да се бориме и за на таков начин да се излечи душата. И тие се знак на милоста Божја, па затоа предај се себеси со доверба во рацете Божји и барај ја Неговата помош, за Он да те укрепи во твојата борба. Бог знае колку секој од нас може да издржи и ги допушта искушенијата според нашите сили. Помнете дека после искушенијата следува духовна радост и дека Господ ги пази оние коишто претрпуваат искушенија и страдања поради Неговата љубов.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк