Православен календар

Преподобен Титој

26 август (по стар стил)

Ученик на свети Пахомиј и голем меѓу Египетските подвижници. Игумен на манастирот во Тавена. Сиот живот го мина во потполна чистота. Еднаш еден брат го запраша: „Кој пат води кон смирението?“ На ова Титој му одговори: „Патот кон смирението се воздржанието, молитвата и мислата за себе како за понизок од сè што постои.“ Достигна мошне висок степен на совршенство. Кога ги креваше рацете на молитва неговиот дух влегуваше во иступление. Се упокои во 4 или 5 век. Заедно со него се споменува и преподобен Ивистион.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
23
стар
стил
Април
6
Мај
нов
стил
Пон., Светла седм. Не се пости.
Светол Понеделник
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог ги цени делата според нивната намера. Бидејќи е речено: „ќе ти даде Господ според Твоето срце“ (Пс. 19,5)... Затоа оној којшто сака нешто да направи, но не може, нему му се смета - пред Бога, Кој ги знае намерите на нашето срце - како да го извршил тоа. Тоа се однесува како на добрите дела, така и на лошите.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 1. 54

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк