Православен календар

Светата маченичка Антуса и другите со неа

22 август (по стар стил)

Ќерка на богати но незнабожни родители од Селевкија во Сирија. Кога дозна за Христа, Антуса со сето срце поверува во Него, тајно појде кај епископот Атанасиј и тој ја крсти. На Крштението ѝ се јавија Божји Ангели. Потоа отиде на подвиг во пустина, затоа што не смееше да се врати дома кај родителите. Се подвизуваше во пустината дваесет и три години. Душата Му ја предаде на Бога додека клечеше на молитва на еден камен, под кој остави завет да биде погребана. Потоа, заради верата во Христа беа заклани епископот Атанасиј и двајцата слуги на Антуса, Харис и Неофит, во времето на царот Валеријан, околу 257 година. Сите пострадаа чесно, стекнувајќи венци на невенлива слава.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
14
стар
стил
Април
27
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Лазарева сабота
Св. Мартин исповедник, еп. Римски (655)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Умот на човекот кој го љуби Бога се бори не против работите или мислите за нив, но против страстите што се поврзани со тие мисли. Односно, тој се бори не против некоја жена, не против оној што го навредил, и не против нивните претстави кои што се појавуваат во умот, туку против страстите, кои се поврзани со тие претстави.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 3.40

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк