Православен календар

Светата маченичка Васа и нејзините деца: Теогниј, Агапиј и Пист

21 август (по стар стил)

Беше жена на идолски жрец, но потајна христијанка. Своите синови ги воспита во христијански дух. Нејзиниот маж ја замрази заради христијанската вера и ја предаде на мачење и неа и синовите. После тешки измачувања, ги убија нејзините синови со меч. Се смета дека дека ова било во Македонија. Васа беше радосна заради чесниот крај на маченичкиот подвиг на нејзините синови и оттогаш самата со уште поголема усрдност минуваше од мака во мака. Кога ја фрлија во морето, се јавија Ангели и ја одведоа на еден остров во Мермерното Море, каде што беше убиена со меч, во времето на Максимијан. Света Васа двојно се удостои со Христовото царство: како маченичка и како мајка на маченици.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Љуби ги гладта и жедта поради Христа. Колку го смируваш телото, толку ѝ правиш добро на душата. Бог - Кој секому му дава според делата, зборовите и помислите – ќе нè награди со добрини и за она малку што со радост ќе го претрпиме заради Него.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка, 41

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк