Православен календар

Светиот пророк Самуил

20 август (по стар стил)

Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. Самуил живееше во Силоам крај ковчегот на заветот, а кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната што му претстои на домот на првосвештеникот Илија заради расипаноста на неговите синови Офин и Финес. Тоа откровение наскоро и се изврши: Филистејците ги избија Израилците, ги убија обајцата синови на Илија и го запленија ковчегот на заветот. Кога гласникот му ја соопшти оваа вест на Илија, тој падна мртов на земја и издивна на деведесет и осумгодишна старост. А тоа истото се случи и со неговата снаа, жената на Финес. Оттогаш, дваесет години Израилците им робуваа на Филистејците. По овој рок му го испрати Бог на народот Самуил за да му проповеда покајание, ако сака да биде избавен од своите непријатели. И народот се покаја и ги отфрли туѓите идоли на кои им служеше и го призна Самуил за пророк, свештеник и судија. Тогаш Самуил појде со војска против Филистејците и со Божја помош ги збуни, и ги уби, и ги ослободи земјата и народот. Потоа мирно му судеше на народот до својата старост. Гледајќи го дека остаре, народот му рече да им постави цар наместо себеси. Самул го одвраќаше народот од ова велејќи им дека единствен нивни цар е Бог, но народот остана упорен во ова барање. Иако ова Му беше неугодно на Бога, Бог му нареди на Самуил и им го помаза за цар Саул, Кисовиот син, од Венијаминовото племе. Саул царуваше кратко време и Бог го отфрли заради неговата непослушност и дрскост, па му нареди на Самуил да биде помазан за цар Давид Јесеев наместо Саул. Пред својата смрт Самуил го собра сиот народ и се прости со нив. А кога умре, по него плачеше сиот Израил, а го погребаа чесно во неговиот дом во Рама.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Најлош вид на грев е да не признаваш дека си грешен.

Св. Кесариј Арлски
Коментари на 1Јн. 1,8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк