Православен календар

Преподобен Теофан

19 август (по стар стил)

Роден е во Јанина. Како момче остави сè и отиде на Света Гора, каде што се замонаши во Дохијарската обител. Им беше пример на монасите во постот, молитвата, себелишувањето од излишни нешта. Затоа, по некое време беше избран и за игумен. Но, подоцна заради некои несогласувања со монасите ја напушти Света Гора и со својот внук од сестра дојде во Бер (Верија) Македонска, каде основа еден манастир во чест на Пресвета Богородица. Кога манастирот процвета со духовен живот, тој го остави својот внук да управува со него, а самиот отиде во Науса, каде основа друг манастир во чест на Светите Ангели. Мирно се упокои во 4 век. Неговите чудотворни мошти и сега лежат во Науса и низ нив во изобилност се пројавува Божествената сила.

Сподели на твитер
днсЈули 2024
П118
В219
С320
Ч421
П522
С623
Н724
П825
В926
С1027
Ч1128
П1229
С1330
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
14
стар
стил
Јули
27
Јули
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Ап. од 70-те Акила (I); Преп. Никодим Агиорит (1808)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како да дознаеш дали живееш по волјата Божја? Еве знак: ако жалиш за нешто, значи не си се предал целосно на волјата Божја. Оној којшто живее по волјата Божја, тој за ништо не се грижи. И ако му е потребно некаква ствар, тој и себеси и стварта ги предава на Бога, и ако не ја добие, тој сè едно останува спокоен, исто како да ја има. Душата којашто се предала на волјата Божја од ништо не се плаши: ни од закана, ни од разбојници, од ништо. Што и да ѝ се случи таа вели: „така на Бога Му е угодно.“ Ако настапи болест тогаш вака размислува: значи на мене ми е потребна болеста, инаку Бог не би ми ја дал. И така го сочувува мирот во душата и во телото.

Преп. Силуан Атонски
Списи. VI. 4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк