Православен календар

Вознесение Господово – Спасовден

четириесет дена по пасха

Во овој ден, во четвртокот на шестата недела по Пасха, го празнуваме Вознесението на Господ Бог и Спасител наш Иисус Христос. Бидејќи кога беше со своите ученици, пред страдањето, им го вети доаѓањето на Сесветиот Дух, велејќи: добро е Јас да одам, ако Јас не одам, Утешителот нема да дојде. И повторно: кога ќе дојде Тој, ќе ве научи на целата вистина. По воскресението од мртвите, во текот на четириесет дена им се јавуваше на своите ученици, не заедно, туку одделно, јадејќи и пиејќи со нив, појасно претставувајќи го воскресението. Најнакрај, откако им вети многу за Царството Небесно, им заповеда да не се одделуваат од Јерусалим, туку таму да пребиваат и да го чекаат доаѓањето на Пресветиот Дух, и со него да бидат крстени. Им заповеда да прибвиаат во Јерусалим за да таму најпрвин биде проповедано Евангелието и за да потоа кога ќе одат на туѓи места, да бидат добро опремени, како некои воини, подготвени со оружјето на Духот, и така да одат против непријателите Христови. Кога настана времето на вознесението, Христос ги одведе учениците свои на Елеонската (Маслиновата) гора, која така се нарекува затоа што беше засадена со многу маслинки. И им говореше за Своето Царство, и дури говореше дојдоа ангели и го покажаа вознесувањето на небесата. И дури тие гледаа, тој беше земен од нивната средина, носен на еден облак и така од ангелите. И седна оддесно на Отца, обожувајќи ја плотта, и би се дрзнал да речам, ја створи и неа божествена, преку која ние се помиривме, а древното непријателство беше разрушено. Пред апостолите застанаа ангели во вид на мажи и говореа: мажи, галилејци, што стоите и гледате кон небото? Тој Когошто во видовте, воплорениот Бог Иисус, Тој пак ќе дојде на јаве во плот, но не како првиот пат, понизно и молчаливо, туку со слава голема, како што и сега гледате од ангелите. Тогаш апостолите се вратија од Елеонската гора, бидејќи таа беше близу до Јерусалим: две илјади и четириесет стапалки, тоа е еден саботен ден од. И бидејќи така е пропишано до Мојсеја, толку стапки во сабота да можат да се одат, затоа што и скинијата на заветот беше толку оддалечена од јудејскиот полк. Возможно беше да се оди во сабота да се поклонат таму, не правејќи поголем пат, затоа и се нарекува саботен ден од. Некои сметаат, заради тоа, дека Христовото Вознесение било во сабота, но тоа е погрешно. Откако се вратија апостолите, влегоа во горната соба, во која беше, заедно со жените мироносици, и Мајката на Словото, која со пост и молитви и молби го чекаше доаѓањето на Сесветиот Дух, како што беше ветено. Христе Боже, кој се вознесе во слава, помилуј нè, амин.

Сподели на твитер
днсАприл 2021
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Март
10
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Преп. Иларион Нов, игумен Пеликитски (754)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ толку нè возљубил што пострадал за нас на крст, и Неговите страдања биле толку големи што не можеме да ги постигнеме. Така и нашите духовни пастири страдаат за нас, иако ние често не ги гледаме нивните страдања. И колку е поголема љубовта на пастирот - толку се поголеми неговите страдања. Ние, овците, должни сме тоа да го разбираме и да ги љубиме и почитуваме своите пастири.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XIII.2

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк