Православен календар

Велики Вторник: на мудрите девојки

вторникот пред Пасха

На светиот и велики вторник правиме спомен на евангелската приказна за десетте девојки. Господ наш Исус Христос им говореше вакви приказни на своите ученици, додека влегуваше во Јерусалим, пред своето страдање. Со приказната за десетте девојки, Господ поттикнува на милост, и воедно ги поучува сите луѓе подготвено да го дочекаат крајот. Петте девојки, Он ги нарекува мудри, затоа што тие на девственоста ѝ го придодадоа обилното и скапоцено масло на милоста, а другите пет, ги нарекува неразумни, затоа што немале соодветна милост, иако и нив, исто така, ги одликувала девственост. Тие се луди, затоа што исполнувајќи го поголемото, го пренебрегнале помалото, та затоа, по ништо не се разликуваат од блудниците: блудниците ги победило телото, а нив - имотот. Кога проаѓаше ноќта на овој живот, сите тие девојки задремаа и заспаа, т.е. умреа, бидејќи тука под сон се подразбира смртта. А среде нивниот сон, на полноќ, настана викотница, се отворија вратите, и оние, коишто се беа снабдиле со изобилство масло - влегоа со женикот, а лудите, коишто не зедоа доволно масло, почнаа да бараат, тогаш кога се разбудија. Иако сакаа, мудрите не можеа да им дадат на неразумните, бидејќи беше време за самото влегување (во брачните одаи), и затоа им одговорија: да не би да не ни стигне и нам и вам, подобро одете кај продавачите, т.е. кај сиромашните и купете. И, покрај сè, лудите девојки, коишто беа дошле без светлина, извикуваат удирајќи по вратата: Господару, Господару! Отвори ни. Но, Самиот Господ го изговара оној страшен одговор: Одете си, ви велам, не ве познавам. Како ќе го видите женикот, кога го немате виното на милоста? Богоносните отци, значи, ја ставиле оваа приказна, за да нè поучат секогаш да бидеме будни и подготвени да го дочекаме вистинскиот Женик, со добри дела и првенствено со милост, бидејќи не го знаеме денот и часот на крајот, токму како што Јосиф, со својот пример, нè учи да здобиеме целомудреност, а смоквата - секогаш да донесуваме духовен плод. Кој ќе го исполни едното, дури и поголемото, а второто, особено милоста, ја заборави, тој нема да влезе со Христа во вечната починка, туку посрамен ќе се врати назад, бидејќи нема ништо посрамно и пожално од девственоста, којашто е победена од страста кон богатството.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Април
4
Мај
нов
стил
Саб., Страстна седм. Строг пост.
Велика Сабота
слегувањето во адот на Господа Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Светиите се слични на Господа, но и сите луѓе коишто ги запазуваат заповедите Христови се слични на Него, а оние коишто живеат според своите страсти и не се каат, слични му се на ѓаволот. Мислам дека ако таа тајна би им се открила на луѓето тогаш тие би престанале да му служат на непријателот, но секој со сета сила би се стремел да го познае Господа и да биде сличен на Него.

Преп. Силуан Атонски, Списи, XII. 9.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк