Православен календар

Велик Понеделник

понеделникот пред Пасха

На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква. Почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со крвавата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го растргнале ѕверовите. Потем, за триесет сребреници Јосиф бива продаден на Исмаилќаните, коишто повторно го препродаваат на Петефриј, управникот на евнусите кај египетскиот цар – фараонот. Кога фараоновата госпоѓа безумно се нафрлила на целомудрениот младич Јосиф, тој, несакајќи да направи безаконие, побегнал, оставајќи ја својата наметка. Таа го наклеветила пред господарот, и Јосиф бива фрлен во окови и мрачен затвор. Потоа, поради толкувањето на соништата го изведуваат од затворот, го претставуваат пред царот, и Јосиф постанува господар на сета египетска земја. На крајот, при продавањето на пченицата, им се открива на своите браќа и благочестиво проживувајќи го целиот живот, умира во Египет, бивајќи сметан, покрај другите доблести, и за голем во целомудреноста. Тој е праобраз на Христа, бидејќи и Христос страда од Неговите соплеменици, ученикот го продава за триесет сребреници, го фрлаат во темна, мрачна јама - во гроб, од кадешто самовласно станувајќи, се зацари над Египет, т.е. над секој грев, и целосно победувајќи го, владее над целиот свет и според човекољубието нè искупува со таинственото давање пченица (леб), предавајќи се Самиот Себеси за нас и хранејќи нè со лебот небесен – Своето животоносно Тело. Од тие причини, сега се спомнува прекрасниот Јосиф. Заедно со тоа се сеќаваме и на исушената смоква од светото Евангелие, бидејќи божествените Евангелисти, токму Матеј и Марко, говорат за тоа веднаш после спомнувањето на гранчињата. Таинственото толкување на Исидор Пелусиот е дека смоквата е дрвото на непослушанието, чиишто листови престапниците ги употребиле за покривање. Причината за споредбата на гревот со смоквата е очигледен, бидејќи и гревот дава пријатно задоволство - гревовна наслада, но потоа доаѓа - горчината на совеста. Всушност, отците тука го ставаат расказот за смоквата заради умиление, како и расказот за Јосиф - бидејќи е праобраз на Христа. (Неплодна) смоква е секоја душа на којашто ѝ е туѓ секој духовен плод, којашто Господ наутро, т.е. после овој живот, не наоѓајќи се Себе во неа, ја исушува со клетва и ја фрла во оган вечен - и таа постанува како некаков исушен столб, којшто ги застрашува оние, коишто не донесуваат плодови достојни на доблести.

Сподели на твитер
днсЈули 2024
П118
В219
С320
Ч421
П522
С623
Н724
П825
В926
С1027
Ч1128
П1229
С1330
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Јули
18
Јули
нов
стил
Четврток. Не се пости.
+Преп. Атанасиј Атонски (1000); Прмц. кн. Елисавета и мон. Варвара (1918)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Едно зло од друго добива сила: на ист начин и доброто возрастува едно од друго, и тој којшто го има - го побудува на повеќе.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2,93

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк