Православен календар

Томина недела

прва недела по пасха

Во оној ден кога Христос воскресна и им се јави на Своите ученици, меѓу нив не беше Тома. Тој откако дојде при нив подоцна, чу дека го виделе Христа, но не поверува. Брзиот на добро дело Бог, Кој се грижи за секој човек, имајќи при тоа и поголема промисла, после Воскресението, за да ги увери и идните поколенија, го остави осмиот ден, за да се изостри љубовта на Тома и за да му даде уверение во Воскресението. Он повторно доаѓа при своите ученици, кога вратата е заклучена, како и претходно, но овој пат и Тома е со нив. Откако им го дава Својот мир, му се обраќа на Тома и му вели: „Дај го прстот свој тука и види ги рацете мои, принеси ја раката твоја и стави ја во моите ребра, и не биди неверен, туку верен. Затоа што не само со видување сакаше да се увериш – за да не се работи за привид, туку спомна и допирање. Затоа стави ја својата рака во моите ребра.“ Се покажува дека раната на ребрата беше толку широка, што внатре можеше и рака да се стави. Тома испита и преку допирот прими вера, бидејќи му беше допуштено да го гледа и да го твори сето ова на нетленото и конечно обожено тело Христово, и тој извика: „Господ мој и Бог мој“. Едното е заради плотта, а второто заради Божеството. И Христос му рече: „Поверува затоа што ме виде; блажени се оние кое не виделе, а поверувале“.

Сподели на твитер
днсФевруари 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Февруари
16
Февруари
нов
стил
Недела на блудниот син. Не се пости.
Св. Симеон Богопримец и пророчица Ана (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако видиш човек што греши и не го пожалиш, тогаш благодатта ќе те остави... А оној што им се руга на лошите луѓе, наместо да се моли за нив, тој никогаш нема да ја познае благодатта Божја.

Преп. Силуан Атонски
Списи, VII.4, VIII.6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк