Православен календар

Ден на Светиот Дух

понеделникот по педесетница

Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи самовластен, сесилен и добар. Преку Него се подава секоја мудрост, живот, движење; Он е изворот на секој живот. Он има сè што имаат Отецот и Синот, освен нероденоста и роденоста, исходејќи од единиот Отец. Светиот Атанасиј говори: Духот Свети не е создаден од Отецот, не е створен, не е роден, туку исходи. Но, во што се состои исходењето на Светиот Дух од Отецот за нас е недостижно, исто како што е недостижно и раѓањето на Синот. Затоа Светата Православна Црква никогаш не се решила да ја подвргне таа тајна на Божеството на човечко расудување, туку секогаш ја исповедала, согласно со учењето на нашиот Спасител, Исус Христос. Господ му открива на човекот толку колку што му е неопходно за негово спасение, та многу тајни остануваат за нас зад непроѕирна завеса. Обогатувајќи го човекот со духовни дарови, и растејќи во него духовни плодови, Светиот Дух го украсува човекот со многубројни добродетели, и го прави, согласно зборовите на Светото Писмо, добро дрво, кое дава добри плодови. Животот по Духот Свети јасно се забележува во плодовите на Духот, коишто се, според зборовите на Апостолот Павле: љубовта, радоста, мирот, долготрпението, добротата, милосрдието, верата, кротоста, воздржанието.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Февруари
16
Февруари
нов
стил
Понеделник. Без месо.
Св. Симеон Богопримец и пророчица Ана (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Душата која е грешна и заробена од страстите, таа не може да има мир и да се радува во Господа, па дури и ако владее со сите богатства на светот, дури и ако царува над сиот свет. Ако на таков цар, којшто весело пирува и си седи на престолот во целата негова слава, одненадеж му речеш: „Цару, ти сега ќе умреш“ тогаш неговата душа ќе се возмути и ќе затрепери од страв, и тој би ја видел својата немоќ. А колку има сиромаси, кои што се богати само со љубов кон Бога и на кои ако им кажеш: „ти сега ќе умреш“ би одговориле со мир: „Нека биде волјата Господова. Слава Му на Господа што се сетил на мене и што сака да ме земе.“

Преп. Силуан Атонски
Списи, IV.3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк