Православен календар

Недела на Самарјанката

четврта недела по пасха

Во овој ден го празнуваме празникот на Самарјанката, бидејќи тогаш Христос јавно Себеси се објави за Помазаник, односно Месија на еврејски (од зборот меса што значи елеј), односно Христос на грчки јазик. Сограѓаните на Самарјанката, откако Спасителот поминал кај нив два дена, ѝ говореле: „Сега не веруваме поради твоите зборови, туку самите чувме и познавме дека Он е навистина Спасителот на светот, Христос.“ И кај сите е така. Најпрвин со надворешно слово биваат призвани кон Господа (или како што е сега кај нас, од раѓање се вбројуваат помеѓу христијаните), а потоа кога на дело ќе вкусат дека во Господа има живот, тогаш не заради надворешната припадност кон христијанското општество се држат до Господа, туку заради внатрешната поврзаност со Него. Така, сите кои се раѓаат во христијанско општество, потребно е во себеси да го воспостават законот, односно да не се ограничуваат само со надворешната припадност кон Господа, туку да се погрижат и за внатрешната поврзаност со Него, за потоа постојано да носат во себе сведоштво за тоа дека тие стојат во вистината. Што е потребно за тоа? Потребно е да ја воплотат во себе вистината Христова. Вистината Христова е подигнување на паднатиот. Па така, остави го стариот човек, којшто тлее во прелесните телесни похоти, и облечи се во новиот, создаден според Бога во правда и преподобие на вистината, та самиот во себе ќе знаеш дека Господ Иисус Христос е навистина Спасител, не само општо, на светот, туку и на тебе лично.

Сподели на твитер
днсМај 2022
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
15
стар
стил
Мај
28
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Преп. Пахомиј Велики (348); Св. Ахилиј Лариски (IV); Св. Исаија, еп. Ростовски (1090)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Од страстите едни се телесни, а други душевни. Телесните го имаат за свој извор телото, а душевните - внатрешните нешта. Но љубовта и воздржанието ги отсекуваат и едните и другите: љубовта ги отсекува душевните, а воздржанието – телесните страсти.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 1.64

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк