Православен календар

Недела на раслабениот

трета недела по пасха

Кога се искачи Христос во Ерусалим за празникот Педесетница, дојде во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон, која беше именувана „Витезда“, што на еврејски значи „дом на милосрдието“, а беше наречена уште и „Овча бања”, бидејќи во неа ги миеја утробите на овците што беа заклани и принесени како жртва во храмот. Таму еднаш годишно се исцелуваше и првиот којшто ќе влезеше во бањата по раздвижувањето на водата од страна на Ангелот. Таму Христос најде еден човек кој триесет и осум години лежел неподвижен чекајќи некој да го спушти во водата. Христос, Кој знаеше колкава е болката на тој човек кој се нарекуваше Јара, или некое име слично на ова, му рече: „Земи го одарот твој и оди.“ Веднаш тој оздраве и го зеде својот одар на плеќите, за да не помисли некој дека ова дело е привидение, и си отиде дома. Но, бидејќи беше сабота, Јудејците му бранеа да оди. Подоцна, Исус Го најде во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и повеќе не греши, за да не ти биде полошо.“ Кога раслабениот дозна дека Исус е Тој што го исцели, ги извести Јудејците. Тие, пак, се разгневија и сакаа да Го убијат Христа, бидејќи ја нарушуваше саботата. Исус им кажуваше многу работи, како и тоа дека е праведно да се прави добро и во сабота; дека Он е рамен на Отецот, Koj рекол оти треба да се почитува саботата, и дека и сега така постапува. Оние што ги пренесуваат овие зборови Христови пропуштиле да кажат дека раслабениот човек беше токму оној што подоцна Му удри шлаканица на Исуса кога Тој беше на суд пред првосвештеникот Кајафа. Поради ова тој ќе наследи во оној живот уште потешки маки во вечниот оган, отколку оние што му ги предизвикуваше парализата, не само триесет и осум години, туку за вечноста. Згора на тоа, Исус покажа дека неговата болест била причинета од неговите гревови. Меѓутоа, гревот не е причината за секоја болест; таа може да дојде и од некоја природна причина, од прејадување или од недостаток на исхрана, или од некои други причини. Треба да знаеме дека овој раслабен не е истиот за којшто зборува евангелистот Матеј, бидејќи она се случило внатре и дека имало луѓе кои му помагале на болниот, и дека Исус му рекол само: „Ти се проштаваат гревовите.“ Чудото за кое станува збор тука се случило во тремот на Соломоновиот храм, и болниот немал никој да му помогне. Но, и во двата случаи болните ги носеле своите одари. Ова чудо се празнува сега бидејќи тоа се случило во текот на Педесетницата. По Твојата неискажлива милост, Христе Боже наш, помилуј нè и нас, амин.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Октомври
10
Ноември
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Мч. Параскева (III); Преп. Јов Почаевски (1651); Св. Димитриј Ростовски (1709)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога умот ќе ја заборави целта на благочестието, тогаш и јавното исполнување на добродетелите станува бесполезно.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2. 51

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк