Православен календар

Недела на раслабениот

трета недела по пасха

Кога се искачи Христос во Ерусалим за празникот Педесетница, дојде во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон, која беше именувана „Витезда“, што на еврејски значи „дом на милосрдието“, а беше наречена уште и „Овча бања”, бидејќи во неа ги миеја утробите на овците што беа заклани и принесени како жртва во храмот. Таму еднаш годишно се исцелуваше и првиот којшто ќе влезеше во бањата по раздвижувањето на водата од страна на Ангелот. Таму Христос најде еден човек кој триесет и осум години лежел неподвижен чекајќи некој да го спушти во водата. Христос, Кој знаеше колкава е болката на тој човек кој се нарекуваше Јара, или некое име слично на ова, му рече: „Земи го одарот твој и оди.“ Веднаш тој оздраве и го зеде својот одар на плеќите, за да не помисли некој дека ова дело е привидение, и си отиде дома. Но, бидејќи беше сабота, Јудејците му бранеа да оди. Подоцна, Исус Го најде во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и повеќе не греши, за да не ти биде полошо.“ Кога раслабениот дозна дека Исус е Тој што го исцели, ги извести Јудејците. Тие, пак, се разгневија и сакаа да Го убијат Христа, бидејќи ја нарушуваше саботата. Исус им кажуваше многу работи, како и тоа дека е праведно да се прави добро и во сабота; дека Он е рамен на Отецот, Koj рекол оти треба да се почитува саботата, и дека и сега така постапува. Оние што ги пренесуваат овие зборови Христови пропуштиле да кажат дека раслабениот човек беше токму оној што подоцна Му удри шлаканица на Исуса кога Тој беше на суд пред првосвештеникот Кајафа. Поради ова тој ќе наследи во оној живот уште потешки маки во вечниот оган, отколку оние што му ги предизвикуваше парализата, не само триесет и осум години, туку за вечноста. Згора на тоа, Исус покажа дека неговата болест била причинета од неговите гревови. Меѓутоа, гревот не е причината за секоја болест; таа може да дојде и од некоја природна причина, од прејадување или од недостаток на исхрана, или од некои други причини. Треба да знаеме дека овој раслабен не е истиот за којшто зборува евангелистот Матеј, бидејќи она се случило внатре и дека имало луѓе кои му помагале на болниот, и дека Исус му рекол само: „Ти се проштаваат гревовите.“ Чудото за кое станува збор тука се случило во тремот на Соломоновиот храм, и болниот немал никој да му помогне. Но, и во двата случаи болните ги носеле своите одари. Ова чудо се празнува сега бидејќи тоа се случило во текот на Педесетницата. По Твојата неискажлива милост, Христе Боже наш, помилуј нè и нас, амин.

Сподели на твитер
днсОктомври 2021
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Октомври
23
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Евлампиј и Евлампија (311); Собор на преп. Оптински старци; Преп. Теофил Тивериополски (VIII)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој без раководител сака да се занимава со молитвата и во својата гордост си помисли дека само од книги може да се научи, па не оди кај старецот, тој е веќе напола во прелест. На смирениот, пак, Господ ќе му помогне - дури и да нема опитен наставник, но сепак оди кај својот духовник, каков и да е тој, тогаш заради неговот смирението Господ ќе го покрие.

Преп. Силуан Атонски
Списи. II. 1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк