Православен календар

Месопустна недела

една недела пред почетокот на великиот пост

На овој ден вршиме спомен на неизбежното второ доаѓање Христово, и тоа го уредија божествените отци да го правиме во неделата по параболата за блудниот син, за никој што научил за љубовта на Бога кон човештвото да не се предаде на мрзливост, велејќи си „Господ ги сака луѓето, па и јас, иако сум одделен од Него заради гревот, сè е подготвено за моето исправање“. Овој страшен ден на судот е одредено да се слави сега за оние коишто живеат во мрзливост да бидат охрабрени да стекнат добродетели, и да не се надеваат само на љубовта Божја, туку да сфатат дека Он исто така е и праведен Судија, кој на сите луѓе ќе им суди според нивните дела. И сите починати души ќе поминат на суд. Се нарекува второ доаѓање, бидејќи Христос дојде во тело, првиот пат, за да го спаси човечкиот род, а кога ќе дојде повторно ќе ни суди дали сме ги запазиле Неговите заповеди. А кога ќе се случи ова второ доаѓање? Никој не знае, бидејќи иако Он наброја неколку знаци за доаѓањето, точното време го сокри од апостолите. Пред Неговото доаѓање, ќе се појави антихристот. Тој ќе живее навидум слично на Христа, извршувајќи чуда како Христовите, вклучително и воскреснувања од мртвите. Но, сето тоа ќе биде само илузија. По ова, одненадеж, како молња од небото, ќе дојде Господ, одејќи пред Неговиот Крст, а река од оган ќе биде пред Него, чистејќи ја земјата од скверности. Антихристот ќе биде фатен веднаш, заедно со неговите слуги и ќе биде осуден на вечен оган. А кога ангелите ќе затрубат, сите родови човечки ќе се соберат од сите места и од краиштата на земјата во Јерусалим, затоа што тоа е центарот на земјата. Таму ќе има поставени престоли и сè ќе биде подготвено за судење. Тогаш сите души повторно ќе се соединат со своите тела и ќе бидат облечени во нетрулежна убавина. И со еден збор, Господ ќе ги оддели праведниците од грешниците. Оние коишто правеле добро ќе примат вечен живот, а грешниците конечно ќе бидат испратени во вечно и бескрајно мачење. Да забележиме дека Христос нема да праша кој постел или кој бил наг, или кој извршувал чудеса, иако и тие нешта се добри, но милосрдието и сострадањето се многу подобри. Он ќе ги праша и праведниците и грешниците за шест заповеди – добродетели, за кои секој е способен: „Бев гладен и Ме нахранивте, Бев жеден и Ме напоивте, Бев странец и Ме прибравте, необлечен бев и Ме облековте, болен Бев и Ме посетивте, во затвор Бев и дојдовте при Мене. Доколку сте го направиле ова за некој од Моите најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.“ Тогаш сите кои Го исповедале Господа Иисуса Христа ќе преминат во славата на Бога Отца, а оние кои се одделиле од Бога преку трошењето на нивниот живот на мрзливост и на минлива храна, ќе примат маки и темнина и ќе бидат вечно лишени од Божјата светлост.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не е зло храната, туку чревоугодието, не раѓањето на деца - туку блудот, не парите - туку среброљубието, не славата туку суетата. А штом е така, тогаш значи не е зло она што постои, туку злото е во неговото злоупотребување.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 3.4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк