Православен календар

Свети Константин Кавасила, Архиепископ Охридски

18 октомври (по стар стил)

Свети Константин Кавасила се живееше во бурна епоха на постојани војни и борби за превласт меѓу христијанските владетели на распарченото Источно Римско Царство. Се роди во Драч, во познатото семејство Кавасила. Како припадник на благороднички род, Константин уште од младоста се стекна со солидно високо образование, како во областа на световните науки така и во сферата на духовните знаења. Околу 1220 година беше ракоположен за Струмички епископ. На струмичката катедра напиша два молебни канона за светите Петнаесет Тивериополски маченици, кои се негови први химнографски творби. Благодарение на неговата посветеност во служењето на народот Божји во Струмичката епархија, беше забележан духовен процут на епархијата, за што епископот Константин беше пофален од самиот архиепископ Охридски, Димитриј Хоматијан. Како ревносен пастир, свети Константин набргу беше поставен со митрополитско достоинство во градот Драч. На митрополитската катедра во својот роден град остана сè до неговиот избор за Охридски архиепископ, малку пред 1250 година. Како архиепископ, состави еден молебен канон за свети Климент Охридски и два во чест на свети Наум Охридски. Поради бурните политички премрежја кои следеа по Четвртата крстоносна војна и падот на Константинопол под власта на Латините, во 1257 година архиепископот Константин Кавасила беше заробен и затворен од страна на Никејскиот император Теодор Ласкарис. Во 1259 беше ослободен од страна на Михаил Палеолог, наследникот на Теодор Ласкарис на тронот, и вратен на Охридскиот престол. Свети Константин Кавасила се упокои во Охрид на 18 октомври, предавајќи ја својата душа во рацете Христови.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Април
2
Мај
нов
стил
Чет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Четврток
на Тајната Вечера
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некому некогаш му направите милост – за тоа ќе бидете помилувани. Ако покажете сострадание кон оние кои страадат (а тоа не е големо дело) – ќе се приброите кон мачениците. Ако му простиш на оној кој те навредил, тогаш за тоа не само што ќе ти се простат сите гревови, но и чедо на Отецот Небесен ќе бидеш. Ако се помолиш од срце за спасение, дури и малку – ќе се спасиш. Ако се укориш себеси, се обвиниш и осудиш себеси пред Бога за гревовите кои што ги чувствуваш со совеста – и за тоа ќе бидеш оправдан. Ако жалиш за гревовите, или заплачеш, или воздивнеш, тогаш твојата воздишка нема да се скрие од Него, и како што вели св. Јован Златоуст: „Ако се погрижиш за твоите гревови, Он ќе го прими тоа за твое спасение.“

Преп. Мојсеј Оптински

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк