Православен календар

Светиот маченик Лонгин

16 октомври (по стар стил)

Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа. Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги потплатуваа војниците да разгласуваат лажна вест дека божем Господ не воскреснал, туку дека телото Го украле Неговите ученици. Евреите се обидоа да го потплатат и Лонгин, но тој не се даде. Тогаш Евреите прибегнаа кон својот вообичаен начин, т.е. решија да го убијат. Кога дозна за ова Лонгин го симна војничкиот појас, се крсти од апостолите заедно со оние двајца другари, и заедно тајно го напуштија Ерусалим, од каде што се преселија во Кападокија. Таму, светиот Лонгин се предаде на пост и молитва и како жив сведок на Воскресението Христово со своето сведоштво обрати мнозина незнабошци во вистинската вера. Потоа се оддалечи в село на имотот на татко му. Сепак, еврејската злоба ни таму не го остави мирен. Поради клевета од Евреите, Пилат испрати војници да го убијат Лонгин. Свети Лонгин го проѕре со духот приближувањето на своите џелати, па им излезе во пресрет и ги покани во својот дом не кажувајќи им кој е. Добро нагостени од него тие легнаа да спијат, а свети Лонгин застана на молитва и цела ноќ се подготвуваше за смрт молејќи се. Во зората отиде и ги доведе оние свои двајца другари, се облече во бели погребни облеки, ги поучи домашните, и им покажа место на едно ритче за да го закопаат. Тогаш им се јави на војниците и им кажа дека тој е Лонгин когошто тие го бараат. Војниците се збунија и се засрамија и не ни мислеа да го убијат, но тој почна да ги присилува да ја извршат заповедта на својот старешина. И тогаш ги убија Лонгин и неговите двајца другари. Главата Лонгинова војниците му ја однесоа на Пилат, Пилат им ја предаде на Евреите, а тие ја забија во ѓубриштето надвор од градот.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Октомври
15
Октомври
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Свмч. Кипријан, мц. Јустина и мч. Теоктист (304); Блж. Андреј јуродив (936)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

На сите кои што имаат љубов кон Него, Бог им го дава своето општење. Општењето со Бога е живот и светлина и насладување со сите блага коишто се во Него. А оние кои по сопствена волја отстапуваат од Него, Он ќе ги подложи на оддалечувањето од Себеси коешто самите си го избрале. Како што оддалечувањето од светлината е темнина, така и оддалечувањето од Бога е лишување од сите блага кои се во Него. Но, благата Божји се вечни и без крај, затоа и нивното губење е вечно и без крај; така грешниците самите се причина за своите маки, исто како што оние кои себеси се ослепеле и не ја гледаат светлината иако таа свети над нив.

Св. Иринеј Лионски
5 книги против ересите, V. 27

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк