Православен календар

Преподобна Пелагија

8 октомври (по стар стил)

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна проповедта за Страшниот Суд и казната за грешниците. И овие зборови толку ја потресоа и изменија, што одеднаш се згнаси од себеси, се исплаши од Бога, се покаја за своите нечисти гревови и припадна пред свети Нон со молба да ја крсти. „Смилувај се на мене, грешната, и крсти ме и научи ме на покајание; јас сум море од беззаконија, амбис на пропаста, мрежа и орудие ѓаволско.“ Така го молеше оваа покајничка со солзи Христовиот архиереј. И тој ја крсти. На Крштението ѝ беше кума блажената Романа, ѓаконисата на оваа црква, којашто потоа, како нејзина духовна мајка, добро ја утврди во христијанската вера. Но, Пелагија не беше задоволна само со Крштението. Чувствувајќи ја тежината на своите многубројни гревови и при голема грижа на совеста, се реши на голем подвиг. Своето огромно богатство собрано со грев им го остави на сиромасите и тајно отиде во Јерусалим, каде што под машко име, како монах Пелагиј, се затвори во една келија на Елеонската Гора и почна тежок подвиг на пост, молитва и бдеење. По три години ја посети ѓаконот на свети Нон, Јаков, и ја затекна сè уште жива, но кога по неколку дена повторно ја посети, го најде нејзиното тело мртво и чесно го погреба. Светата Пелагија се упокои околу 461 година. Така, оваа некогашна грешничка, со покајание и ревност Го смилостиви Бога, доби прошка за гревовите и се освети. Нејзината очистена и света душа се удостои со Царството Божјо.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Април
1
Мај
нов
стил
Сре., Страстна седм. Строг пост.
Велика Среда
на помазувањето на Христа со скапоцено миро
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Сè треба да се прави со расудување и човек треба да ги знае своите мерки, за отпосле да не се смутува. Да се прави преку сила милостина, пост или нешто друго е безрасудно и го води кон смут, униние и ропот оној што тоа го извршува. Бог го сака тоа што е според силата на човекот.

Преп. Варсануфиј Велики
Раководство, 627

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк