Православен календар

Светоте свештеномаченици Дионисиј Ареопагит, епископ Атински, Рустик презвитер и Елефтериј ѓакон

3 октомври (по стар стил)

Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Јерусалим со цел да ја види Пресвета Богородица и средбата со неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител, светиот апостол Павле, пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабошци се обратија кон верата Христова. Во Париз, Дионисиј изгради малечка црква во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, сè додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.

Сподели на твитер
днсМарт 2025
С116
Н217
П318
В419
С520
Ч621
П722
С823
Н924
П1025
В1126
С1227
Ч1328
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Март
26
Март
нов
стил
Сре., Велик Пост. Строг пост.
Пренос на моштите на св. Никифор, патр. Константинополски (846)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кај мене понекогаш доаѓаат Јапонци протестанти и бараат да им објаснам некое место од Светото Писмо. „Вие си имате свои учители-мисионери, прашајте ги нив“ – им велам - „како одговараат тие?“ – „Ние сме ги прашале и тие велат: разбирај како што знаеш; но мене ми треба да ја знам вистинската мисла Божја, а не моето лично мислење“... Кај нас не е така, туку кај нас сè е светло и надежно, јасно и сигурно, затоа што освен Светото Писмо го примаме и Светото Предание, а Светото Предание е жив, непрекинат глас... на нашата Црква уште од времето на Христа и Неговите Апостоли до сега, а ќе биде и до крајот на светот. На него е утврдено цело Свето Писмо.

Св. Николај Јапонски
Дневник, 15 Јануари 1897 год.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк