Православен календар

Свети Андреј Јуродив

2 октомври (по стар стил)

По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше прекрасно момче, телесно и душевно. Теогност го засака и го даде да се описмени. Андреј усрдно Го молеше Бога и со љубов ги посетуваше црковните богослужби. Послушен на едно небесно видение, тој се посвети на подвиг на јуродство заради Христа. И еднаш, кога отиде на бунарот по вода, ја искина облеката на себе, ја исече со нож и се направи луд. Нажален од ова, господарот Теогност го врза во синџири и го одведе во црквата на света Анастасија Узорешителница, за да му се прочитаат молитви. Но, бидејќи Андреј не се поправи во очите на својот господар, овој го пушти да живее слободно како умоболен. Свети Андреј дење се правеше луд, а ноќе Му се молеше на Бога. Живееше без покрив и засолниште. Ноќеваше во полето, одеше полугол, во една парталава наметка, јадеше малку леб, кога ќе му дадеа добрите луѓе. Од она што го примаше им делеше на просјаците, и тоа кога ќе им дадеше ќе ги изнавредеше за да не му благодарат. Бидејќи целата награда свети Андреј ја очекуваше единствено од Бога. Затоа во него и се всели голема Божја благодат, па можеше да проѕира во човечките тајни, ги гледаше ангелите и демоните, ги изгонуваше демоните од луѓето, ги исправаше луѓето од гревот. Имаше прекрасни виденија на Рајот и највисоките небесни Сили; Го виде Господ Христос на престолот на славата; со својот ученик Епифаниј ја виде Пресвета Богородица во Влахернската црква како го покрива христијанскиот род со својата одежда; слушна неискажливи зборови на небото, коишто не смееше на луѓето да им ги повтори. После нечуено тешките подвизи се упокои во 911 година и се пресели во вечната слава на својот Господ.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Април
26
Април
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Свмч. Артемон, презв. Лаодикијски (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога умот ќе ја заборави целта на благочестието, тогаш и јавното исполнување на добродетелите станува бесполезно.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2. 51

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк