Православен календар

Преподобен Сергиј Радоњежски

25 септември (по стар стил)

Голем подвижник и светилник на Црквата во Русија. Се роди во 1313 година во Ростов, од побожните родители Кирил и Марија. По смртта на родителите, Вартоломеј - така му беше името од Крштението - се замонаши и ја основа обителта на Света Троица во Радоњежските шуми. Овој тивок и кроток слуга Господов знаеше само за труд и молитва. Заради чистотата на неговото срце се удостои со дар на чудотворство, па со името Христово воскреснуваше мртви. Повеќе пати му се јави Пресвета Богородица. Кај него доаѓаа кнезови и владици за совет. Тој го благослови кнезот Дмитриј Донски и му ја претскажа победата во војната за ослободување на Русија од Татарите. Гледаше во човечките срца и во настани на далечина. Неговата обител се наполни со монаси уште за време на неговиот живот и со векови и векови служеше како едно од најглавните прибежишта на духовниот живот и сведоштво на Божјите чуда. Свети Сергиј се упокои во 1391. година. По смртта, повеќе пати им се јави на различни лица.

Сподели на твитер
днсФевруари 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Јануари
8
Февруари
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Преп. Ксенофонт, сопругата Марија и синовите Аркадиј и Јован (V-VI)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако го видиш ближниот во грев, не гледај само на тоа, но подразмисли што добро тој направил или прави, и не ретко ќе најдеш дека тој е подобар од тебе.

Св. Василиј Велики
Беседи. 20

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк