Православен календар

Светата првомаченичка Текла рамноапостолна

24 септември (по стар стил)

Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабошци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се завети да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе не ни гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судијата и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена. Тогаш, Текла тргна по светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија. Привлечен од нејзината надворешна убавина, еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак. Кнезот ја осуди на смрт и ја фрли пред ѕверови, но ѕверовите не го ни допреа телото на светата девица. Восхитен од ова, кнезот ја праша: „Која си ти и каква сила има во тебе што ништо не може да ти наштети?“ Текла му одговори: „Слугинка сум на живиот Бог.“ Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена. Потоа Текла, со благослов на светиот апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија. Овде таа се подвизуваше долго и, исцелувајќи болни со чудотворната благодат, мнозина ги обраќаше кон христијанство. Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ. Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа, се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб. За оваа чудесна светителка, светиот Јован Златоуст вели: „Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво.“

Сподели на твитер
днсФевруари 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
27
стар
стил
Јануари
9
Февруари
нов
стил
Недела на митарот и фарисејот. Не се пости.
+Пренос на моштите на св. Јован Златоуст (438)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Браќа и сестри! Семилостивиот Бог сака сите да бидеме среќни, и во овој живот и во идниот. Поради тоа Он ја основал Својата света Црква, за да нè очистува од гревовите, да нè осветува, да нè помирува со Него и да ни подари небесен благослов. Во Црквата секогаш се отворени прегратките за сите. Да поитаме кон нив и сите ние на кои совеста ни тежи. Да поитаме и Црквата ќе го подигне нашиот товар, ќе ни подари слобода пред Бога, ќе го наполни нашето срце со среќа и блаженство.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк