Православен календар

Зачнувањето на свети Јован Крстител

23 септември (по стар стил)

На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа. Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Претеча од бездетните Захарија и Елисавета. Преку Своите Ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог Кој од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. Наместо љубопитност, да Му воздадеме пофалба на Бога, Кој често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во кои оковани ние, без вонредните Божји чуда, би паднале во очајание и богозаборав.

Сподели на твитер
днсОктомври 2024
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Септември
9
Октомври
нов
стил
Среда. Пост.
+Упокоение на апостолот и евангелист Јован Богослов (II)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ава Агатон рекол: гневливиот човек дури и мртовец да воскресне, нема да Му биде угоден на Бога.

Древен старечник, 10.15

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк