Православен календар

Светиот великомаченик Мина

11 ноември (по стар стил)

По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската, и градот, и луѓето, и сиот свет, та отиде во пуста планина. Бидејќи на свети Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден, светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги разобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Египет, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова, Пирос го подложи свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, и најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Свети Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секој што го слави свети Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помага. Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.

Сподели на твитер
днсЈуни 2025
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
12
стар
стил
Јуни
25
Јуни
нов
стил
Сре., Апостолски пост. Строг пост.
Преп. Онуфриј Велики (IV), Преп. Петар Атонски (734)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кај праведните нема жалост којашто нема да се претвори во радост, исто како што и кај грешниците нема радост, којашто нема да се претвори во жалост.

Св. Димитриј Ростовски

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк