Православен календар

Света Евстолија и преподобна Сосипатра

9 ноември (по стар стил)

Светата Евстолија беше родена во Рим. Дојде во Константинопол и стапи во еден од женските манастири. Заради својот добродетелен и строг монашки живот, блажената ги здоби љубовта и почитта од сестрите. Не само монахињите, но и многу светски луѓе доаѓаа кај неа за совет и за утеха. Светата Сосипатра, ќерка на императорот Маврикиј (582-602), наклонета кон монаштвото, се сретна со преподобната Евстолија во Влахерна, во богородичната црква. После беседата со светителката, принцезата конечно реши да го остави светот и целосно да ѝ ја предаде својата волја на наставницата, преподобната Евстолија. Во дворецот којшто ѝ го подари благочестивиот император на својата ќерка, постепено се разви манастир, којшто беше познат по строгоста на монашкиот устав. Светата Евстолија се упокои во 610 година, а светета Сосипатра во 625 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Мај
20
Мај
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Спомен на јавувањето на небо на Крстот Господов, во Јерусалим (351); Мч. Акакиј стотник (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Дејствително, постои само една слобода – светата Христова слобода, со која Он нè има ослободено од гревот, од злото, од ѓаволот. Таа нè поврзува со Бога. Сите други слободи се привидни, лажни, т.е. сите тие во суштина се робување.

Преп. Јустин Поповиќ
Подвижнички и богословски глави, II.36

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк