Православен календар

Преподобен Јован Колов

9 ноември (по стар стил)

Се вбројува меѓу најголемите египетски подвижници. „Колов“ значи малечок, а тој беше малечок по раст. Во Скитот дојде заедно со својот брат Данило и со преголема ревност се предаваше на подвиг, така што брат му Данило мораше да го насочува на умереност. Му беше ученик на свети Памво, а подоцна на свети Арсениј Велики. Негов соученик кај свети Памво беше свети Паисиј Велики. Еднаш, додека тој и Паисиј разговараа на каков начин да преземат подвиг, им се јави ангел Божји и му нареди на Јован да остане на своето место и да ги поучува другите, а на Паисиј да оди во пустината и да живее како пустиник. За да ја испита послушноста на Јован, свети Памво му нареди да залева еден сув стап забоден во земја, сè додека не зазелени. Без размислување и сомневање, Јован го залеваше ова суво дрво три години секој ден, додека навистина, со Божјата сила, не се раззелени и донесе плод. Тогаш, Памво ги собра плодовите од она дрво, ги однесе в црква и им ги раздели на браќата, велејќи: „Пристапете и вкусете од плодот на послушанието!“ Јован Колов имаше мноштво ученици. Некои од неговите мудри изреки се сочувани. Се упокои мирно и се пресели во радоста на својот Господ.

Сподели на твитер
днсЈуни 2025
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Јуни
20
Јуни
нов
стил
Пет., Апостолски пост. Строг пост.
Свмч. Теодот Анкирски (303); Свмч. Маркелин, папа Римски (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној којшто нè укорува треба да го примаме како пратен од Бога разобличител на скриените во нас зли мисли, за, откако со точност ќе ги испитаме нашите мисли, да се исправиме... бидејќи ние не го знаеме мноштвото зло кое се крие во нас; само на совршениот човек му е својствено да ги помни сите свои недостатоци.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк