Православен календар

Свети Григориј Двоеслов, папа Римски

12 март (по стар стил)

Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа беше сенатор и началник на градот Рим. Но, штом се упокои татко му, тој се оддаде на духовен живот. Од своето големо богатство изгради шест манастири во Сицилија, а седмиот во Рим, во чест на апостолот Андреј. Во тој манастир и самиот прими потстриг. По смртта на папата Пелагиј го избраа за папа. Тој бегаше од таа чест и власт и се криеше по зафрлени места по горите, но Господ го поткажа на оние што го бараа со тоа што на местото каде што се криеше се јави огнен столб од земјата до небото. Беше необично милосрден. Сите свои приходи ги употребуваше за засолништа за бедните и за гостопримство. Често ги канеше бедните и им служеше на трпеза. Се занимаваше и со пишување корисни книги. Двоеслов или собеседник се нарекува затоа што напиша книга со таков наслов, а во неа ги изложи добродетелите и чудотворствата на италијанските светители. Го состави и чинот на Литургијата на претходноосветени Дарови (Преждеосвештената Литургија), којашто се служи во средите и петоците на Чесниот Пост. Кога свети Григориј седеше и пишуваше, неговиот архиѓакон Петар гледаше како над неговата глава лета некаков гулаб. Се упокои во Господ во 604 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Април
26
Април
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Свмч. Артемон, презв. Лаодикијски (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Постот, молитвата, милостината и сите други христијански дела сами по себе си добри, но целта на христијанскиот живот не се состои само во нивното извршување. Вистинската цел на нашиот христијански живот е здобивање на Светиот Дух Божји. Постот, молитвата, милостината и секое добро направено поради Христа се средства за добивање на Светиот Дух. Забележете дека само она добро дело кое се извршува поради Христа ни принесува плодови на Светиот Духот, а сè што не е направено поради Христа, дури и да е добро, не ни носи награда во идниот век, а и во овдешниот живот не дава благодат Божја. Ете зошто нашиот Господ Исус Христос рекол: „Кој не собира со Мене, тој растура“ (Мт. 12. 30).

Преп. Серафим Саровски
Беседа за целта на христијанскиот живот

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк