Православен календар

Свети Јаков Постник

4 март (по стар стил)

Живееше во 6 век. Толку се усоврши во богоугодниот живот, што со молитва ги лечеше најтешките болести. Но, непријателот на човечкиот род наведуваше врз него силни искушенија. Така, еднаш едни подбивачи испратија кај него една развратна жена. Таа се преправаше пред него и плачеше, а го навлекуваше на грев. Гледајќи дека ќе падне во грев, Јаков ја стави својата лева рака во оган и ја држеше сè додека не се испече целата. Кога го виде тоа жената се исполни со страв и ужас, се покаја и го поправи својот живот. Но, во друга прилика, тој не му одолеа на искушението, и падна во грев со една девојка којашто родителите ја донесоа кај него како безумна, за да ја исцели од лудилото. Тој навистина ја исцели, но потоа згреши со неа и за да го скрие гревот ја уби и ја фрли во реката. Тоа не е чудно, од гревот на блудот до гревот на убиството нема многу. По ова, Јаков се покаја и се насели во еден гроб, каде поживеа десет години. Еднаш, во време на голема суша од која страдаа и луѓето и животните, по неговите молитви падна дожд и по тоа позна дека Бог му го прости гревот. Овој пример е сличен на Давидовиот: свирепиот зол демон по Божјо допуштение може да ги собори и најголемите духовни џинови, но искреното покајание го привлекува Божјото милосрдие, а најголемите гревови биваат простени тогаш кога грешникот самиот си наложува сесрдна казна за гревот, којашто ги опфаќа сите длабочини на неговото битие.

Сподели на твитер
днсОктомври 2023
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Септември
5
Октомври
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Прор. Јона (VIII п.Х.), Свмч. Фока, еп. Синопски (117)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ве молам обидете се. Ако некој ве жалости, или ве бесчести, или зема нешто ваше, тогаш молете се вака: „Господе, сите ние сме Твои созданија; сожали се на Твоите слуги и обрати ги кон покајание“, па ќе ја почувствувате во вашата душа благодатта. Принуди го твоето срце да ги љуби своите непријатели и Господ, кога ќе ја види твојата желба, ќе ти помогне во сè, и Самиот ќе те поучи. А оној што лошо мисли за своите непријатели, во него нема љубов Божја и таквиот не Го познал Бога.

Преп. Силуан Атонски. Списи. IX. 21

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк