Православен календар

Светиот Агапит исповедник, епископ Синадски

18 февруари (по стар стил)

Роден е во Кападокија, за време на управувањето на имераторите Диоклитијан и Максимиан. Неговите родители беа христијани. Од младоста се стремеше кон монашки живот, та стапи во манастир, каде што се подвизуваше во пост, молитви и служење на браќата на обителта. Господ го удостои светиот Агапит со дар на чудотворење. Кога императорот Ликиниј дозна дека монахот Агапит има голема физичка сила, тој и покрај неговото противење, беше земен за воена служба. Во времето на прогонот на христијаните, подигнат од Ликиниј, светиот Агапит се приброи кон мачениците Виктор, Доротеј, Теодул и Агрипа и беше ранет со копје, но остана жив. По смртта на Ликиниј, му се укажа можност да се ослободи од воената служба. Имено, светиот цар Константин Велики дозна дека по молитвите на Агапит се извршуваат чуда, па кон него го прати својот болен слуга, кој доби исцеление. Царот сакаше богато да го награди Агапит, но тој побара само едно нешто: да му биде дозволено да ја остави воената служба и да се врати во својот манастир. Тоа му беше дозволено, и тој се врати во обителта. Скоро потоа, Синадскиот епископ го повика кај себе светиот Агапит и го ракоположи во презвитерски чин. По смртта на епископот, Агапит беше еднодушно избран од свештенството и од народот за епископ на Синадската катедра. Тој мудро управуваше со својата паства, поучувајќи ги сите во православната вера и во добродетелен живот. По неговите молитви се извршија многубројни чуда. Мирно се упокои во 4 век.

Сподели на твитер
днсЈуни 2025
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Јуни
20
Јуни
нов
стил
Пет., Апостолски пост. Строг пост.
Свмч. Теодот Анкирски (303); Свмч. Маркелин, папа Римски (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Искрена и горешта вера во Бога може да има само оној кој се чува себеси од секаков грев. Верата се запазува само при добра наравственост (морал).

Преп. Никон Оптински

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк