Православен календар

Свети Агатангел Битолски

17 февруари (по стар стил)

Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев, незаштитените и угнетени христијани се сокриваа кој како умееше и можеше. Раката на друговерните гонители пак, секогаш успеваше да дофати по некоја жртва и да изврши зло. Мнозина од уловените христијани гонителите ги наоѓаа неподготвени да појдат на маченички подвиг, па нивното спасение беше неизвесно. Тогаш Бог разгоре љубов кај Својот храбар следбеник Агатангел, кој реши да се дрзне, та со помош Божја да му стави крај на нечесното затирање на кревките и неопитни души. Агатангел беше младич, од околу 18 години, по потекло од Лерин, кој работеше како чевлар во Битола. Поттикнат од благодатта Божја, свети Агатангел појде во царскиот сарај и со богомудри зборови пред турските големци се заложи тоа насилно исламизирање на невините христијани на Рамазан да запре. Со содејство Божјо светителот успеа да најде милост пред агарјанските првенци и тие го укинаа гонењето на христијаните на Рамазан, и издадоа ферман за таа своја одлука. А потоа, за да ја открие вистинската верност на Својот ревнител Агатангел, Бог допушти неколкумина Агарјани да му се нафрлат на светиот маж и да го погубат. Светиот Агатангел чесно пострада од нив, простум примајќи небесен венец од Христа, на 17 февруари 1727 година, во градот Битола.

Сподели на твитер
днсОктомври 2024
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Септември
9
Октомври
нов
стил
Среда. Пост.
+Упокоение на апостолот и евангелист Јован Богослов (II)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во Писмото е речено дека лагата е од лукавиот и дека тој е „татко на лагата“ (Јн. 8,44), а вистината е Бог бидејќи Самиот Он вели: „Јас сум патот, вистината и животот“ (Јн. 14,6). Така што гледате од Кого се разделуваме и со кого се соединуваме преку лагата. Затоа, ако навистина сакаме да се спасиме, тогаш сме должни со сета љубов да ја љубиме вистината и да се чуваме од секоја лага. Има три различни видови на лага: со мисла, со збор и со самиот живот. Со мисла лаже оној кој ги прима за вистина своите претпоставки, односно празните подозирања во ближниот: таквиот кога ќе види дека некој разговара со својот ближен, почнува да нагаѓа, па вели: „тој за мене зборува.“ Ако некој каже збор, тогаш подозрева дека е кажан за него да го оскрби... Никогаш не им верувај на своите претпоставки и подозревања, бидејќи кривата мерка и правото го прави криво. Претпоставките на луѓето се лажни и му штетат на оној кој што им се предава. А со збор лаже оној, кој, на пример, поради униние го мрзело да стане за служба и не вели: „прости ми што поради мрза не станав”, но вели: „имав температура, бев до крајност исцрпен од работа, немав сила да станам, бев болен”, и изговара десет лажни зборови за да не направи еден поклон и не се смири. И доколку во ваков случај тој не се укори себеси, непрестано ќе ги менува своите зборови и ќе спори, само за да не претрпи укори. Со живот, пак, лаже оној, кој, ако е блудник - се прави дека е воздржан, ако е користољубив - го фали милосрдието, иако е надмен - се фали со смирението. Да ги избегнуваме лагите за да се избавиме од лукавиот и да се потрудиме да ја усвоиме вистината за да имаме единство со Бога.

Ава Доротеј
Душеполезни поуки, 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк