Православен календар

Блажениот Исидор Јуродив заради Христа

14 мај (по стар стил)

Германец по потекло. Кога дојде во Ростов ја засака православната вера, па не само што стана член на Православната Црква туку го зеде на себе и тешкиот подвиг на јуродството. Одеше сиот во партали. Денот го минуваше правејќи се луд и под вид на лудост ги поучуваше луѓето, а ноќта ја минуваше во молитва. Ноќеваше во една колиба од гранки, којашто самиот си ја направи. Овој светител покажа големи и страшни чуда и за време на животот и после смртта. На еден трговец, кој беше исфрлен од коработ и се давеше во морето, Исидор му се јави одејќи по водата и го изведе на брегот. Кај ростовскиот кнез пресушија еднаш сите садови со вино, бидејќи слугите го избркаа Исидор од пред вратата и не му дадоа чаша вода. Кога умре, во 1484 година, на 14 мај, во својата колиба, сиот Ростов замириса со некој прекрасен мирис. Оној трговец когошто блажениот Исидор го спаси од морето, му подигна црква на местото каде што беше неговата колиба.

Сподели на твитер
днсОктомври 2021
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Октомври
23
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Евлампиј и Евлампија (311); Собор на преп. Оптински старци; Преп. Теофил Тивериополски (VIII)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во колкава мера некој ја отсекува и ја смирува својата волја, во толкава мера оди кон успех. А колку поупорно се држи до својата сопствена волја, толку повеќе си нанесува штета.

Преп. Ефрем Сирин
Совети кон монахот почетник. 12

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк